Македонија
29. May 2020 - 18:54

Зибери: На погребот на покојник со КОВИД-19, имало 200 луѓе – семејството не сака да се тестира

Директорот на Институтот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери за ,,Слободен печат” тврди дека семејството на покојникот кој починал во една приватна клиника, а кој бил закопан со верски и народни обичаи а не по протокол за Ковид 19, иако посмртниот брис му бил позитивен, не сакало да соработува со епидемиолозите и да се тестира, иако на погребот имало околу 200 присутни луѓе.

Тој додава дека осум лица од медицинскиот персонал на приватната болница се во изолација поради контакт со пациентот кој почина а кај кого посмртно беше дијагностицирано присуството на Ковид 19.

-На погребот имало 200 луѓе. Никој од нив не е пронајден ни тестиран ни самоизолиран, додаде Зибери за „Слободен печат“.