Македонија
16. January 2020 - 16:29

Жителите на населбата Чекоштина во Охрид бараат од општината да им ги евидентира улиците

Чекоштина на самиот влез на Охрид наместо да прерасне во елтина населба урбанистички не постои .Иако има 100тина куќи и викендици не е евидентирана во општина Охрид нема адреси , улици,водовод и канализација  .Еден дел од населбата е урбанизиран но само на хартија.Жителите се жалат бидејќи неможат да ги регистрираат своите живеалишта и покрај тоа што нивните домови се легализирани.

Чекоштина остана неуредена иако се најавуваше како потенцијал за развој на туризмот и сe предвидуваше изградба на шведско село поради сончевиот потенцијал.

Инаку пред неколку години жителите поднеле петиција до општина Охрид да определи уличен систем за да добијат легални адреси, но од сето тоа сеуште ништо.Иако се предвидуваше дека токму на овој потег ќе се проширува градот населбата не заживеа.