Македонија
20. September 2021 - 11:03

Жител на Врапчиште приведен под сомнеж за кражба во црква

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи – Гостивар, вчера околу 11.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишија од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште, поради сомнеж дека во периодот 18-19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари, соопшти МВР.

– Увид изврши екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот, информираат од МВР

Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок осомничениот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд – Гостивар.