Македонија
17. January 2022 - 16:41

Зголемен број пациенти во амбулантите и ковид болниците

За неполни 6 часа околу 300 пациенти поминале низ ковид амбулантите во Инфективна и ГОБ 8-ми септември. Не стивнува бранот со омикрон и лекарите велат не само што се полни ординациите туку се зголемува и бројот на хоспитализации. Иако новата мутација дава лесна клиничка слика, повозрасни со коморбидитети завршуваат во болнички соби поради компликации од вирусот.

-За околу 30 проценти е зголемен бројот на прегледи во спроедба со прехнодните денови. Расте и бројот на хоспитализации, делот наменет за ковид пациенти е речиси полн, интензивна е полна и хоспитализираните се на кислородна поддршка, вели др. Христијан Костов директор на ГОБ 8-ми септември.

-Веќе подолго време има зголемен број прегледи. Еве од сабајле има околу 90 ама се намалуваат и слободните места за хоспитализација. Иако овој сој дава полесна клиничка слика, сепак има поворазни кои поради претходни заболувања мора да бидат хоспитализирани.

На инфективна има 86 хоспитализирани а во ГОБ 8-ми септември 70 и доколку има наплив на болни ќе пренаменуваат и други одделенија за ковид пациенти.

Во моментот повеќе од 16 000 граѓани се водат како активни случаи поради позитивен тет на ковид и оваа бројка е дуплирана во споредба со периодот од пред десет дена. Лекари прогнозираа дека пикот со омикрон ќе биде на крајот на месецот и почетокот на февруари.