Бизнис
22. March 2018 - 19:48

Земјоделците не сакаат да членуваат во задруги заради повисоките даноци

Контрадикторноста на законите во земјава го кочи развојот на задругарството.

Земјоделците одбиваат да се зачленат бидејќи како индивидуални производители се ослободени од плаќањето персоналец односно државата ќе им прави поврат, а доколку се во задруга даночните давачки се поголеми.

Проблем имаат и со Законот за работни односи. Агенцијата за вработувување ги брише од списокот на невработени ако се дел од задруга.

Европски експерти со 1,9 милиони евра во  следните три години  ќе помагаат во надминување на законските пречки за побрз развој на постојните и создавање нови задруги . 20 од нив ќе добијат гранотви за реализација на нивните проекти.

Во земјава има вкупно 39 задруги од кои 7 се големи со над 20 членови.