Loading Video...
Македонија
20. September 2021 - 21:17

Земјите од регионот почнаа да нарачуваат од новата вацина „Санофи“ - дали Македонија ќе го фати „првиот воз“?

Дали Македонија повторно ќе чека последне момент за да порача од новата вакцина Санофи. Иако дел од земјите веќе  прават нарачки, а домашните експерти  пишуваат  дека досегашните анализи покажале одлична ефиканост, од министертвото за здравство велат дека засега има доволно вакцини во земјава.

Во моментов имаме доволно вакцини за престојниот период, ги следиме сите истражувања за новите вакцини меѓу кои и вакцината на Санофи. Во одонос на планирањето за набавки за следната година, во тек се  анализи за потребните количини и иницијални преговори, се вели во дописот од Министерството за здравство.

Професорот Нико Беќаровски на ФБ напиша дека вакцината е со ефиканост од 95 до 100 проценти, а несаканите ефекти се многу поретки.

Фармацевтските гиганти Sanofi и GSK (Glaxo-Smith-Kleine) од 27 мај успешно ја изведуваат третата фаза на клиничко испитување на својата пептидна вакцина против Ковид-19. Во оваа фаза се вклучени 27.000 испитаници, а првите резултати се извонредни со ефикасност од 95-100%.

Многу поретко дава несакани ефекти.

Направена е со технологија која се користи повеќе од 20 години во изработка на вакцини (на истиот начин како и вакцината за Хепатитис Б)

Идеална е за бустер доза, погодна е за најмладата и средната популација.

Сите кои досега се плашеа од mRNA и mDNA вакцините како непроверени, а од кинеските како неквалитетни, добиваат вакцина направена по "докажан рецепт" од најреномирани производители. Цената на вакцината, како и нејзиниот транспорт и чување е далеку поефтино од сегашните вакцини.

Хрватска веќе нарача 300. 000 дози од француската вакцина Санофи, Германија 10 милиони дози, a Бугарија донесе длука за набавка на 10 илјади дози.

Во меѓувреме компанијата Фајзер денеска објави дека нивната вакцина против Ковид-19 е ефикасна и за деца на возраст од 5 до 11 години и дека наскоро ќе бара одобрување од американските власти за употреба.