Loading Video...
Свет
28. May 2022 - 16:29

Зеленски тврди дека Донбас ќе биде украински, Путин им честита на војниците

Русија ја засилува офанзивата во украинскиот источен регион Донбас составен од провинциите Луганск и Доњецк. 

Во фокусот е воспоставување на целосна контрола над Луганск. Борбите се водат за Северодоњец, клучен град во Луганск и најголемиот град во Донбас. Ако руските сили го освојат Северодоњецк, тоа ќе значи дека го контролираат целиот Луганск. 

Украинскиот Генералштаб соопшти дека имаат сили и ресурси да се се одбранат, но можно е украинските војници мора да се повлечат од некои делови на градот за да не бидат опколени. Од таму додаваат дека во регионот Луганс моментлано има 10.000 војници. 

Според проценките на Киев, непријателот нема да го заземе Луганск во наредените денови. Русија информираше дека постигнале голема победа во Доњецк. Како резултат на заедничките акции на  единиците на народната полиција на Доњецката Народна Република и руските вооружени сили градот Красни Лиман е целосно олободен од украинските националисти, изјави портпаролот на руското Минситерство за одбрана. 

Лиман е стратешки важен бидејќи дава пристап до важни железнички и патни мостови над реката Сиверски Доњецк.

Освојувањето на Донбас е една од главните цели на Кремљ во оваа војна. Донбас ќе биде украински, порача Зеленски во своето редовно ноќно обраќање.

Рускиот претседател Владимир Путин на денот на граничната служба им честиташе на руските војници за нивните „храбри акции“.

-Почитувани другари, задачите со кои се соочувате се особено важни сега, имајќи го предвид невидениот политички, економски и информативен притисок врз нашата земја и зголемувањето на воениот капацитет на НАТО токму на границите на Русија, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Украинската православна црква – Московска патријаршија прогласи целосна независност од духовното водство во Русија, објаснувајќи дека не се согласува со ставовите на московскиот патријарх Кирил кон воениот конфликт.

Патријархот Кирил не само што не ја осуди руската воена агресија, туку и не најде утешни зборови за напатениот украински народ, се вели во соопштенито на Украинската Православна Црква – Московска патријаршија.