Македонија
27. August 2016 - 16:33

Завршува петтиот интернационален џез фестивал во Прилеп

Со вечерашниот настап на незаменливиот македонски виртуоз Влатко Стефановски Трио и на хрватскиот џез- ансамбл “Франц Кафка” во он-програмата, како и со свирката на турскиот маестрален џезист Џингис Ибрахим со проектот “Хај џез 3” во оф-програмата, во Прилеп завршува петтото, јуилејно издание на Интернациоалниот џез- фестивал “Прилеп – Џез викенд”.
 
Во изминатите три дена од ова фестивалско случување на летната сцена од ЦК “Марко Цепенков” се претставија 10 ансамбли со 40 звучни домашни и странски имиња од светот на џез-музиката, а бројната посетеност докажа дека прилепчани имаат слух и за овој вид урбана музичка култура.
 
Инаку, годинашниот јубилеен џез- викенд во Прилеп, всушност е заокружување на богатото Прилепско културно лето во чии рамки се одржаа бројни културни манифестации: изложби, концерти, театарски случувања и сл.