Македонија
19. January 2021 - 11:47

Затворен угостителски објект во тетовско поради непочитување на работното време

На 18.01.2021 во периодот од 18.00-21.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола по угостителски објекти во врска со ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 

Притоа, во угостителски објект во село Боговиње, тетовско, сопственост на Џ.Б.(50) од Боговиње, биле затекнати 4 лица и сопственикот. Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.