Македонија
18. May 2016 - 11:11

Затвор од две до 4,5 години за обвинетите во случајот „Келија“

Затворски казни од две до 4,6 години им изрече денеска Кривичниот суд на обвинетите во случајот „Келија“.

Според одлуката на Судот, сите се виновни за истото кривично дело, „учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација“. И.Ф. доби казна затвор од 4,6 години, А.А. 3,1 година, Е.Р. четири години, а на И.М. и С.С. им се изречени по две години затвор.

Основниот суд Скопје 1, како што соопшти, ги прогласи за виновни сите пет обвинети, како што и тие самите, доброволно, се произнесоа во судницата.

Претходно на седницата на Советот за оценка на обвинителен акт одржана на 11 март годинава и преостанатите шест обвинети опфатени со истиот обвинителен акт, ја признаа вината за делата што им се ставаат на товар и се спогодија со обвинителството, а судот донесе пресуда врз основа на предлог - спогодба со која сите шест обвинети беа огласени за виновни.