Loading Video...
Свет
2. November 2019 - 19:16

Застрелан водач на навивачката група „Партизан“

Со два куршуми во глава доцна синоќа е застерелан, Љубомир Маркович, водачот на навивачката група Партизан. Убиството на Марковиќ се случило во Белград. Според информациите на полицијата, засега е непознато кој пукал во 37 годишниот маж. Во него било стрелано со пиштол а на местото биле испукани шест куршуми. Безбедносните камери покажале дека убиецот побегнал со автомобил. Марковиќ во 2009-та бил осуден на 30 години затвор за убиство на француски државјанин, а пред две години бил амнестиран од казната.