Македонија
25. May 2020 - 16:50

Заразени работнички од штипска текстилна фабрика

За два дена 3 позитивни случаи со Ковид 19 во Штип. Две од нив се текстилни работнички од една штипска конфекција. Од Центарот за јавно здравје информираат дека во моментот вршат пообемна епидемиолошка анкета, земени се брисеви од 11 суспектни лица, меѓу кои, 7 брисеви се од вработени во истата конфекција, која брои 100 работници. Ќе се утврдува и дали се работи за нов кластер или се поврзани со претходните 3 случаи. Од Гласен Текстилец велат дека се запознаени со случајот.

-Будно ја следиме состојбата и во однос на превозот во таа фирма, дали се вклучени и други конфекции, бидејќи кај нас проблем со текстилните фирми е тоа што се возат (работниците) од неколку фирми со еден автобус, изјави Кристина Ампева Гласен Текстилец Штип.

За да состојбата остане под контрола, како што и пред два месеци имаше само една заболена текстилна работничка, од Гласен Текстилец во разговор со градоначалникот Благој Бочварски ги изнеле своите препораки, кои ќе треба да бидат преземени во соработка со останатите надлежни институции.

-Знам дека тие фирми немаат дадено годишен одмор. Може да се даде сега  годишниот одмор, кој секако мора да се искористи до 31 јуни оваа година. Значи, зборуваме за ланскиот годишен одмор. Да се направат подоцна тестирања на сите нив и да продолжиме најнормално како и пред овие случувања, додаде Ампева

Од почетокот на пандемијата во Штип се евидентирани 41 позитивно лице, а во моментот активни се 6. Во источниот регион активен е само уште еден случај во општина Виница.