Бизнис
29. July 2015 - 20:26

Започнува спроведувањето на акциониот план за превенција од поплавите

Започна спроведувањето на акциониот план за превенција од поплави. Владата на Р. Македонија одобри 24 000 литри дизел гориво на општина Штип, со постојната механизација да започне со чистење на речното корито на река Брегалница.

Сите оние критични точки ќе бидат исчистени. Значи ќе се чисти од бања Кежовица до 4-ти километар, до колкеторот- изјави Тоше Георгиев, ЛС- Штип

За прв пат после 30 –тина години ќе се чисти и коритото на река Лакавица. Последните поплави направија вистински пустош долж течението, кога реката се излеа и под вода се најдоа земјоделски површини, фарми и викенд куќи, а дел од нив останаа отсечени од сообраќајните комуникации.

Каде што има премини до викенд населбите, до земјодеслките површини ќе бидат исчистени и оспособени и веќе се оспособени дел од премините преку р. лакавица- додаде Георгиев

Дополнителни 11 000 литри нафта, Владата одобри и за општина Пробиштип, за чистење и санирање на речните корита на Злетовска, Калнишка и Киселичка река.