Loading Video...
Ракомет
12. August 2020 - 15:02

Започнува 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир

 
По пауза од пет месеци, конечно и ракометот се враќа во натпреварувачки ритам. 
 
Првиот ракометен настан кај нас во ерата на Ковид-19 пандемијата е традиционалниот струшки турнир. 
 
Сепак, токму пандемијата на Корона вирусот е причината поради која ова 48-то издание на турнирот ќе го нема меѓународниот карактер. Но, и од осумте македонски екипи се очекува да видиме квалитетен ракомет, во кој тимовите ќе ја градат формата пред почетокот на новата сезона. 
 
Покрај актуелниот европски шампион Вардар, се и битолски Еурофарм Пелистер и Металург. 
 
Вардарци кои досега имаат 12 трофеи на овој турнир, а последниот го освоија во 2007-та, односно Еурофарм Пелистер со еден помалку како и Металург кој трипати триумфираше во Струга и годинава се претенденти за трофејот. 
 
Во првиот меч од турнирот играат домаќинот Струга и Прилеп (17:15 часот), а потоа (19:15 ч.) следува мечот меѓу Бутел и Охрид, додека во вечерниот термин од 21:15 часот, на програмата е првото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Металург. 
 
Осумте екипи се поделени во две групи, од кои првопласираните два тима директно ќе обезбедат пласман во финалето. 
 
Традиционално сите натпревари се играат на отвореното игралиште на популарната „женска плажа“.