Loading Video...
Кошарка
30. September 2022 - 19:05

Започна новата сезона во АБА лигата

Попладнево стартуваше новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига во која повторно во елитата ќе игра и македонскиот шампион МЗТ Скопје Ааеродром.

Со натпреварот меѓу Задар и Студентски Центар што е во тек, започна 22-та сезона во АБА лигата. 
 
По пауза од четири сезони во кои настапуваше во второлигашката конкуренција, македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром повторно се врати во елитата. На отворањето, аеродромци ќе гостуваат во Белград кај актуелниот шампион Црвена Звезда во мечот закажан за утре од 20 часот. 
 
Цел на сино-белите белите сезонава е опстанок во елитното друштво, а во меѓувреме да се изгради респектабилен тим кој континуирано би бил дел од прволигашката конкуренција, 
 
14-те екипи ќе одиграат 26 кола, по принципот секој со секого, дома и на гости, по што осумте најдобри ќе се пласираат во разигрувањето, односно плејофот. 
 
Покрај Црвена Звезда, главни фаворити за шампионскиот трофеј ќе бидат и екипите на Партизан, Будуќност и Цедевита Олимпија, тимови против кој МЗТ Скопје ќе игра во првите пет рунди. 
 
Потсетување дека годинава Македонија ќе има и два претставници во втората Аба лига и тоа битолски Пелистер кој ќе ја игра својата втора сезона, односно освојувачот на Купот на Македонија екипата на ТФТ која ќе дебитира во регионалното натпреварување.