Македонија
27. July 2021 - 12:50

Започна 51 издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни “Илинденски денови“

Со традиционалното дефиле по Широк Сокак започна 51 издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ Битола. На него освен домашните, продефилираа и  фолклорните ансамбли од странство кои се гости на годинешниот фестивал, меѓу нив и учесници од Америка, Русија, Хрватска, Србија, Албанија. Свеченото отворање беше во Хераклеја, каде по традиција вечерта беше отворена со Комитското во изведба на КУД „Илинден“, а потоа настапија ансамблите „Ладо“ од Хрватска и „Танец“ од Македонија.

-51 година продолжуваме да ја веземе и ткаеме традицијата низ игра и песна. Се радувам на годинешниот фестивал бидејќи пандемијата силно ги погоди фолклорните ансамбли низ целиот свет. Затоа, како феникс ќе се издигне нашиот фестивал и ќе ги отвори вратите во Битола. Тропнаа тапаните силно, започна дефилето по Широк Сокак, го разигравме и Комитското, нека ни е со среќа фестивалот за кој ќе сведочат генерациите дека не се откажавме од него, дури ни во овие тешки години на човештвото, изјави Маја Андоновска Илијевски, директора на центар за култура Битила 

Оваа година на фестивалот дојде и претседателот на Меѓународната асоцијација на фолклорни фестивали CIOFF, Филип Бусон. „Илинденски денови“ е единствен фестивал од Македонија кој поседува сертификат и е официјален член CIOFF, асоцијација која ги спроведува целите и програмите на УНЕСКО. 

-Навистина треба да се честита затоа што нема многу фестивали во ова време на пандемија, затоа сум тука да ве поддржам вас и да го поддржам овој културен настан во Македонија, изјави Филип Бусон, претседател на ЦИОФФ.

Фестивалот „Илинденски денови“ завршува на 30 јули