Свет
23. July 2015 - 12:56

Запленети осум тони кокаин на брод во близина на Салвадор

Американските власти во близина на брегот на Салвадор пресретнаа брод на кој се пронајдени осум тони кокаин, чија вредност се проценува на над десетина милиони долари. 

Во акцијата во саботата учествувале и припадници на американската морнарица, крајбрежната стража и гранична служба. 

Приведени се четири лица, а кокаинот бил спакуван во 274 пакетчиња. 

Бродот во меѓународните води во близина на Салвадор го следело американско  летало, а бил пресретнат од крајбрежната стража.