Loading Video...
Свет
10. May 2021 - 19:59

Замокот на Дракула нуди вакцина против Ковид-19 за посетителите на ова познато туристичко место во Романија

Замокот на Дракула нуди вакцина против Ковид-19 за посетителите на ова познато туристичко место во Романија. Ако се вакцинираат, туристите ќе добијат и бесплатна посета на т.н. “соба за тортура”.

„Дојдов да го посетам замокот со семејството и кога го видов постерот, собрав смелост и се согласив да бидам инјектиран“, вели Ливиу Некула, 39-годишен инженер.
Пунктот за вакцинација поставен во склоп на мрачниот замок Бран, има за цел на креативен начин да привлече што повеќе туристи, но и да ги охрабри да се вакцинираат тие што не сакаат да закажуваат термини.