Македонија
27. November 2015 - 18:00

Законот против нелегалниот бизнис со починатите пациенти во клиниките и болниците

Болниците и клиниките мора да ги пријавуваат сите умрени пациенти во службата за матични работи. Оваа обврска стана задолжителна по информациите дека лани за половина од починатите не е евидентирано каде се погребани. Со доставување на оригинална посмртница надлежните ќе имаат поажурна евиденција. Сметките на погребалните компании им ги помати менаџментот на болницата 8-ми семптември. Ставија крај на бизнисот во кој најверојатно биле вклучени и вработени од установата. Често се случувало кога ќе умре пациент прво да стигне погребалното пред фамилијата.

- Јавна тајна е дека тоа не го работеле без пари. Сакаме да расчистиме со тоа. Имаме сомнежи дека некој наседнал на провокации, но јас тоа не можам да го докажам. Но има сега такви кои бараат преместување. Знаете како е кога ќе секне чешмата и сега барате спас, вели Сашо Стојчев директор на  ГОБ 8-ми септември

Веќе два од 8-ми септември починатите може да бидат транспортирани од избрана компанија и тоа со потпишана изјава на семејството која е во два примерока. Едниот останува во историјата на починатиот за и болницата да има увид.

- Со понудата која нема врска со монопол, 24 часа двајца вработени од Бутел ги префрлаат во протектурата и се задолжени за се и тоа бесплатно, вели Стојчев.

Просторијата во болницата наменета за починатите има капацитет само за три тела. Немаат и доволно персонал кој треба да седи таму. Велат дека имало период кога имало и по 4 до 5 починати за еден ден, што им создавало органзиациски проблем.

- Во 2009-та и 2010 во 8-ми септември имало 88 починати. Лани бројката е за четири пати поголема и биле регистрирани 350 лица кои починале во болницата.

Ваквиот начин на работа предизвика револт кај погребални компании. Но од 8-ми Септември велат дека не треба да реагираат доколку ги почитуваат утврдените правила.