Македонија
28. January 2022 - 10:49

Захариева до Петков: Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо

Поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева потсети дека само за Коридорот 8 меѓу Бугарија и Северна Македонија во последните години се потпишани три меморандуми, пишува БГНЕС.

Захариева нагласи дека се потпишани најмалку 20 меморандуми, но повеќето од нив остануваат на хартија и не се реализирани од Скопје.

„Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате“, рече Захариева на бугарскиот премиер Кирил Петков и додаде: „Ова е пријателски совет, а не непријателски“.

За документите потпишани со РСМ, Захариева нагласи: „Да видиме што ќе следи од нив“.

Петков се согласи дека само „подготвивме, направивме, и потпишавме не е добар начин за односи со РСМ“.