Македонија
20. January 2021 - 20:14

Заев со честитка до Бајден и Харис: Верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото

Премиерот Зоран Заев им го честита стапувањето на должност на претседателот на САД, Џо Бајден и на потпретседателката, Камала Харис.

Им посакува мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат и мандат, како што вели во објава на Фејсбук, во кој е сигурен дека американската демократија ќе биде глобален пример што инспирира.

– Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу Македонија и САД, како и блиските врски и пријателството меѓу нашите граѓани, напиша Заев на ФБ.