Македонија
18. May 2021 - 19:22

Заев повика да се гласа за Гарванлиев: Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него

Македонскиот претставник на годинашната Евровизија, Васил Гарванлиев вечерва ќе настапува шести по ред, на првата полуфинална вечер, а по тој повод премиерот Заев се огласи на својот Фејсбук профил и го повика светот да гласа за Васил.

„Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и "Here I stand". Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!“ напиша Заев на Фејсбук