Македонија
25. November 2020 - 16:42

Заев открива што и понудил на Бугарија, тврди дека не биле фашисти, а Југославија не раздвојува

Македонската Влада испратила допис до официјална Софија во кој потврдува дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија и нема да се меша во нејзините внатрешни работи. Потврда за испратениот документ, како последен потег од македонска страна за решавање на отворените прашања, потврди премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската агенција БГНЕС. 

Премиерот во обемното интервју говори и за историските моменти кои се најспорни во односите со Бугарија. Вели дека Гоце Делчев е заеднички лик во историите на двете држави и дека Македонија веќе презема чекори со кои ги признава, како што вели, слабостите на историјата.

Според премиерот Заев Југославија била таа која не раздвојувала.

Во интервјуто премиерот вели исполнувањето на договорот за добрососедство со Бугарија во Македонија се смета за закон, наведувајќи дека македонската Влада јавно се оградила од секој говор на омраза кон Софија што се појавил во Македонија, дека работи на исполнување на обврските поврзани со инфраструктурата, а како знак на добрите односи го нагласува и тоа што сме ја избрале Бугарија да го контролира и македонското небо, наспроти притисоците тоа да ги прават Италија и Турција.

Заев ја обвинува и опозциската ВМРО-ДПМНЕ дека работи спротивно на интетресите на државата и дека во нејзините структури се наоѓа т.н. „длабока држава“ која ги руши добрите односи со Софија.