Македонија
31. July 2017 - 16:28

Заев од Пенс ќе бара прием на Македонија во НАТО

Заев ќе бара поддршка од САД, Македонија да добие полноправно членство во НАТО . По посетата на полигонот Криволак, Заев истакна дека македонските војници го отвораат патото кон членство во Алијансата. Задоволен како тече вежбата Драгун Гардијан 17 со американските вооружени сили, премиерот истакна дека членството на земјава во НАТО ќе биде една од клучните теми на кои ќе разговара со потпретседателот на САД Мајк Пенс на средбата во Подгорица.

- Ова само потврдува колку сме посветени кон интеграциите во НАТО. Јас ќе ја искористам приликата сигурно со потпретседателот да поразговарам за нашите идни планови, но да продолжам да ја барам поддршката од САД како и од другите земји членки на НАТО навистина конечно Република Македонија да го направи тој долгоочекуван чекор - полноправно членство во НАТО- Да нема дилеми, овие вежбовни активности испраќаат многу вредна порака а тоа е порака на соработка во обезбедувањето на севкупниот мир во светот и слободата за сите граѓани во светот, изјави Заев

На дел од вежбите Драгун Гардиан 17  на отворениот ден во Криволак присуствуваше и амбасадорот на САД Џес Бејли кој истакна дека свете војски се достојни на задачата. Го покажале военото партнерство во акција, кога се работи за специфични воени активности.

- Ваквите задачи значат дека нашите инженери од армиите се подготвуваат не само за воени операции, но исто така и доколку бидат повикани за учество во хуманитарни задачи. Оваа вежба не започна овде, оваа Недела на Криволак. Започна, со серија на вежби во Германија, каде што инженерите од двете армии градеа слични писти како оваа позади нас, и се придвижија од Германија преку Романија и Бугарија до Македонија.Ова е долг процес , но ова е тоа што навистина значи воено партнерство меѓу нас. Ова е активноста која мислиме дека ќе ја подобри и поттикне македонската аспирација да се приклучи во НАТО алијанската, изјави Џес Бејли амбасадор на САД во РМ

војниците покажаа дел од вежбата сузбивање на импровизирани експлозивни направи  и тоа со помош на борбеното возило наречено Бафало на армијата на САД. Полковниците го презентираа и планот за изградба на првата Писта за беспилотни летала на наша територија. На военот полигон ќе може да се развива инфраструктурата за тренинг на македонските војници кои учествуваат во НАТО мисиите.

Заев Владата и парламентото ќе работат на унапредување на условите и севкупниот буџет на армијата. 

На овој плац се сместени 120 борбено инженерски возила на американските вооружени сили со кои ќе се подобруваат капацитетите на воениот полигон Криволак.

Во вежбата учествуваат 300 американски војници  и 95 припадници на АРМ. Американскиот контигент ќе биде присутен се до 10 август кога се заокружуваат активностите од Драгун Гардиан 17 која е наменета за зајакнување на стандардните и оперативни процедури на инженерските и АБХО единиците на АРМ.