Македонија
11. May 2021 - 16:38

Заев од Брисел: Јазикот и идентитетот да се тргнат од масата

Никој не смее да си игра со македонскиот јазик и идентитет. Премиерот Заев по серијата средби во Брисел порачува. Тргнете го јазикот и идентитетот од преговарачката маса па потоа може да продолжиме да разговараме.

„Порачавме јасно и гласно и повторивме. Тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и идентитет од масата за разговори во Брисел . После тоа може да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина. Ние имаме и гордост и сопствен идентитет. Гордоста можеме да ја засилуваме и да ја смируваме но идентитетот и јазикот македонски ни е неприкосновен, еден и единствен, непроменлив. Со македонскиот идентитет не смее да си игра ниту мојата влада ниту било која влада а уште помалку друга држава или унија во која се уште не сме членки“ – вели Заев.

На прес конфернецијата со виоскиот претставник за надворешна политика премиерот рече дека земјава направила се и дека е крајно време Европа да ги испорача ветувањата.
Од Брисел стигна истата порака што ја слушаме со години. 

И опозицијата смета дека Македонија заслужува веднаш да ги почне преговорите, а според нив, проблемот со Бугарија не е единствената пречка.

Со состанокот со Борел премиерот Заев ја завршува својата посета на Брисел. Владината делегација утре ќе биде во Шпанија на средба со шпанскиот премиер по што премиерот Заев има резервирано и учество на економскиот самит во Атина.