Македонија
7. December 2019 - 17:05

Заев: Обезбедуваме светски инфраструктурни стандарди за инвеститорите

Мариовци денеска одржаа втор протестен собир поради уништениот патен правец Прилеп-Витолиште, долг 50-тина км., a кој претставува единствената врска на Мариово со светот. Со години барале помош за патот, но ниту една власт не сакала да ги слушне. Министерот за транспорт Сугарески денеска само кратко одговори дека патот бил ставен во програма за нарeдна година, но без да каже никакви рокови и детали. Мариовци бараат итна реакција на државата, a не како што велат празни ветувања.

„Ние би верувале само доколку има црно на бело. Кој од вас верува на збор? На никого не можеме да веруваме. Дали е тоа обичен човек, дали е премиер, министер, претседател, сите тие се подложни на лаги“, рече Павле Трајаноски, жител на Мариово.

„Почнува и жртви да има на патот, најмалку 3 има со тешки повреди, со скршени черепи, скршени вилици, скршени клучни коски, велосипедџии“, кажа Тренчо Димитриоски, жител на Мариово.

Подолг период во прилепско е стопирана и изградбата и на експесниот пат Прилеп-Градско откако Владата го раскина договорот со шпанската Рубау. Деновиве се очекувало да започне реконструкција на постоечкиот пат Прилеп-Градско, а новиот експресен пат се очекувало да започне да се гради в година.

„Остануваат две клучни работи кои се битни, а тоа е продолжението од Фариш до Прилеп на постоечкиот пат од  23 километри, исто така да биде тендериран во јануари месец. И она што е уште поклучно, тоа е експресниот пат, значи се прават завршни подготовки за објавување на тендер за преостанатите 65% кои треба да се направат од Фариш до Дреново. Паралелно се работи на патот од Градско до Дреново, така да за година, година и нешто очекуваме експресниот пат да биде комплет завршен“, истакна Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Инаку денеска во Прилеп увид во градежните работи на клучката за ТИРЗ Прилеп изврши и премиерот Зоран Заев. Оваа клучка ќе чини околу 5.5 милиони евра, а се очекува да биде завршена в година.

„ Изградбата на клучката на две нивоа за поврзување на ТИРЗ Прилеп со патната делница Прилеп – Битола е во финална фаза. Очекуваме дека не подоцна од крајот на првото полугодие на 2020 година ќе биде целосно пуштена во употреба“, додаде премиерот Зоран Заев.

Во рамки на ТИРЗ Прилеп се прави и внатрешна инфраструктура, а в година треба да биде пуштен и нов водовод.