Бизнис
22. April 2021 - 16:40

Заев: Не сме разговарале со Шеќеринска за амбасадорското место во САД

Шеќеринска не поднесува оставка, туку најави дека нема да се кандидира за нов потпретседателски мандат во СДСМ. Прмеиерот Заев вели дека тој со неа не разговарал за евентуално амбасадорско место во Вашингтон. Според него, Шеќеринска има големи заслуги за членството во НАТО и европските интеграции и затоа тој ќе продолжи да соработува со неа.

Заложба на раковоството на СДСМ, по внатрепартиските избори во март е нова политика која ќе треба да се води во нови кадри. Затоа Заев ја почитува одлуката на Шеќеринска да отстапи место на нови луѓе.

Шеќеринска вчера лично потврди дека по осум години се повлекува од функцијата заменик претседател на СДСМ. На претсотојниот конгрес таа нема да поденсе кандидатура за позицијата за која беше избрана во 2013 година.