Македонија
13. March 2018 - 16:29

Заев најавува измени во законите за задоволување на барањата на нотарите и адвокатите

Владата ќе го менува законот за нотаријат, најави премиерот Зоран Заев, кој за денеска закажал средба со министерот за правда, и претседателите на адвокатската и нотарската комора. Заве вели дека крајната цел е да се избегнат непотребните трошоци, а нотарите и адвокатите да бидат во служба на граѓаните.

Премиерот вели дека во измените на законот ќе се користат меѓународните искуства, а носењето ќе биде по општа и сеопфатна дебата. Очекува конструктивност од сите страни во интерес на граѓаните.

Премиерот очекува неделава да бид епостигнат и политички консензус за формирање на Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството. Доцнењето вели е затоа што му се дава шанса на политичкиот дијалог, со цел да се постигне максимална доверба за успешност на советот.