Македонија
23. September 2021 - 16:39

Заев: И во Македонија имало соработници на фашистите

Премиерот Заев денеска во одбрана на ставот од учебниците и спомениците да се избрише зборот бугарски а да остане само фашистички окупатор. Според него не смее цела една нација, било да е тоа германската, италијанската или бугарската да се обвинува за фашизам, бидејќи како што истакна историјата покажува дека тој нема етнички и национален предзнак.

 - Не можете да кажете дека цела една нација била фашиситичка не можете да кажете и за нас дека сите биле со партизаните затоа што имало еден дел од нас кои биле соработници на фашиситчкиот окупатор...Соработници имало..., вели Заев.

Заев смета дека тој  со ваквиот став не се меша во работата на историчарите, туку дека сака на Софија да и испрати политичка порака за добрососедство и пријателство.

- Историската комисија работи на 5 историски личности и три историски периоди и продолжува да работи на Гоце Делчев. Политичарите паралелно работат на иредентизмот, провокација и неевропски манири. Фашистичкиот окупатор нема национална боја во светот, на спомениците ќе се избрише бугарски за да се испрати порака до нацијата за да се гради пријателство, да бидеме ориентирани кон иднината..., вели Заев.

На изјавите на Заев  бурно реагираше јавноста, а поранешниот амбасадор во Бугарија, Горги Спасов на социјалните мрежи му порача дека историјата не смее да се фалсифкува поради политички цели.

- Имало ли бугарски фашисти во Македонија во време на Втората светска војна како што имало и италијански фашисти и германски нацисти и фашисти. Имало. И тоа е историски факт запишан во сите светски енциклопедии и историски учебници. Ако на некој споменик во Македонија пишува дека тој и тој народен херој е убиен од бугарските фашисти во време на Втората светска војна тоа не треба да ги навредува Бугарите освен ако сметаат дека за време на Втората светска војна не постоеле бугарски фашисти и окупатори на туѓи територии туку само "ослободители и администратори", напиша Спасов на Фејсбук.