Македонија
24. September 2020 - 18:59

Заев го тужи Николовски за клевета за обвинувања поврзани со ,,Рекет‘‘

Премиерот и потпретседателот на опозицијата не се соочија на првото рочиште за тужбата за клевета. Николоски дојде, но Заев не. На судењето присуствуваше неговиот адвокат.

За Николоски тужбата е апсурд.

Тој побара доказите да му бидат доставени во целост, а ја  дополни и својата листа со докази.

Од СДСМ велат дека секој кој се огрешил пред законот ќе одговара.

Кој шири лажни вести, клевети и невистини, треба да се соочи со одговорноста, ниту Николовски ниту ВМРО-ДПМНЕ не се над законите.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и покрај тоа што е осуден за клевета, не се откажува од ширење лажни вести и конструирање неспостоечки случаи, во очајни обиди да ја манипулира јавноста, се вели реакцијата на партијата.

Судењето продолжува на 20 ноември.

Заев го тужи Николоски за изјава поврзана со случајот „Рекет“,  дадена во август лани, а  во која го обвинува дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра.

Лани и братот на премиерот, Вице Заев го тужеше Николоски за клевета, а судот пресуди во корист на тужителот.