Заев го повикува Мицкоски да најдат решение за да се донесе законот за јавно обвинителство пред распуштање на Собранието
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е оптимист дека до 12 април и пред распуштање на Парламентот, ќе се донесе законот за јавното обвинителство. Тој денеска, пред средбата со бизнис заедницата во Стопанската комора на Македонија, го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да изнајдат заедничко решение.
Донесувањето на законот, истакна Заев, е обврска на сите, пред се кон граѓаните. Најмногу надеж тој има, како што рече, во пратеничката група на осумте независни пратеници.
-Сакам да биде донесен законот. Верувам дека до 12 април имаме некои неполни четири недели. Треба да направиме се. Разговарав со еврокомесарот дека СДСМ и коалицијата се подготвени. Замолив да разговара со опозицијата. Веројатно е разговарано. Овие денови верувам дека ќе се направат и дополнителни контакти зашто привршуваат разговорите за изборниот закон. За да се заврши оваа работа, треба да најдеме решение, напомена Заев.
Во новото законско решение, дополни, веќе нема СЈО.
-СЈО е со гарантирани предмети. Тие се под надлежност на државниот обвинител и во судска постапка. Релаксирани од тоа, треба да седнеме и да изнајдеме законско решение. Работите во државата знам дека нема да се променат. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане опозиција и треба да го решиме тоа. Дури и да се променат, ќе бидат сменети страните и пак треба да го решиме тоа. Никој од надвор нема да дојде да ни го реши ова прашање. Апелирам до ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски да го дадеме и овој дополнителен аргумент на новиот еврокомесар, иако не ни е услов, за да го испорача пред самитите и одлуките на Европскиот совет. Не само да биде аргумент повеќе пред ЕУ, туку и пред нашите граѓани зашто законот е потребен за граѓаните, подвеле Заев.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани