Македонија
2. August 2021 - 13:05

Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголемиот патриот

„Третиот Илинден е нашиот континуитет. Северна Македонија денеска се препознава во светот. Нашиот Илинден нема да заврши.

Останува да го одржуваме и шириме пламенот на Илинден, кој не ни е даден да го оставиме во историјата, туку да го живееме.

Илинден ги надминува границите на било кој временски период. Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот. Да бидеме сложни и единствени заради граѓаните. Секогаш да настојуваме да правиме чекор повеќе“, кажа денес Заев на своето обраќање од Пелинце.