Македонија
22. March 2018 - 18:49

Забрани за камиони на Стража и на патот Маврово-Дебар

На планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово-Дебар попладнево е воведена забрана за тешки товарни возила.

На превојот Стража забраната е воведена од 18:10 часот, а на патниот правец Маврово-Дебар од 18:15 часот.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Буково и Ѓавато.