Македонија
21. January 2022 - 9:24

Забрана за камиони преку ГП „Деве Баир“, Стража и Дебар-Маврово

Поради врнежи од снег изутрина од 9 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец  Крива Паланка – Граничен премин „Деве Баир“, информира АМСМ.

Во сила се и забраните за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патот R1202 Дебар – Маврово, што беа воведени од 8.30, односно 4.50 изутрината.