Македонија
10. August 2020 - 15:10

За Заев средбата на Ахмети е притисок, за ВМРО-ДПМНЕ е поттикната токму од Заев

Средбата на албанските лидери која ја закажа лидерот на ДУИ Али Ахмети за постизборната состојба за лидерот на СДСМ Зоран Заев е притсок за прифаќање на предлогот за премиер Албанец на ДУИ за влез во Влада. Заев за Сител потврди дека договор со ДУИ се уште нема.

За ВМРО-ДПМНЕ пак, токму Заев е тој кој ги поттикнал, како што велат, етничките платформи и затоа не е чудно што тие и сега се на сцена. 

„Прифаќањето и занимавањето со разни платформи кои се со етнички предзнак беше и остана одлика на Зоран Заев, така што тој ќе продолжи да се занимата со тоа, како егзит карта за спас на сопствената кариера, додека животот и стандардот на граѓаните станува се полош. Што се однесува до идејата на други партии тоа е нивна легитимна работа. Принципите за коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ се јавно објавени и претходно кажани, тоа се програмските определби за подобар живот и напредок на државата“, коментираат од партијата на Мицкоски.

 

Катерина Нешкова