Македонија
13. August 2020 - 12:01

За викендот нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Утре попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Времето за време на викендот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 10 л за 3 часа), засилен ветер и појава на град, информираат од УХМР.

Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.