Бизнис
19. March 2018 - 22:29

За подобра безбедност на патиштата, Сугарески предлага формирање агенција

Македонија губи по 230 милиони евра или 2 3% од БДП годишно заради несреќи на патиштата. Податоците се уште поалармантни кога се работи за животите, по македонските патишта годишно умираат  околу 200 лица. За да се смени состојбата, Министертсвто за транспорт и врски и предложи на Владата да формира нова Агенција која ќе има сопствени вработени и буџет и чија главна цел ќе бидер подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Агенцијата би водела сметка за тоа колку е безбедна инфраструктурата, кој ги контролира возилата и дали се тие сигурни да бидат пуштени во сообраќај, дури би можела да бара и од полицијата засилени контроли на места за кои се знае дека се црни точки.

Искуставата во Европа покажуваат дека земјите каде се формирани вакви Агенции бројот на жртви во сообраќајот го намалиле за третина за период од околу 15 години. Македонската анализа за постоењето ваков орган ќе биде готова за половина година.