Македонија
18. April 2016 - 9:42

За многу години - Светците кои се празнуваат денеска

 
Денеска е Св. маченици Агатопод и Теодул.
 
Во времето на императорот Диоклецијан свети Агатопод беше ѓакон, а свети Теодул отец во Солунската црква. Првиов веќе беше во поодмината возраст. Кога започнаа прогоните, овие двајца беа изведени на суд и како и многумина други низ целото царство беа осудени на смрт само поради името христијанин. Откако поминаа некое време в затвор, Агатопод и Теодул беа изведени и фрлени в море со големи камења околу вратот. Нивните тела, кои подоцна испливаа на морската површина, ги прибраа локалните христијани и чесно ги погребаа. Свети Агатопод и Теодул пострадаа за Христа во 303 година.
 
 

Ново на Сител