Македонија
12. April 2021 - 21:18

За граѓаните урбанизмот во општините е најподложен на корупција

За една година до Антикорупциска пристигнале триесетина пријави за корупција поврана со урбанизмот и локалната власт. Тоа што главен извор на приходи во општините се комуналии од градежното земјиште, за ДКСК отвара сомнеж за корупција секогаш кога се носат ДУП-овите, кога се издаваат дозволите за градба, или се легализираат диво изградени објекти.

Невладините од Коалицијата „Сите за правично судење” спровеле истражување во Општина Карпош, каде за дури една третина од локалното население градежната експанзија претставува најголем проблем.

Со цел да се намалат ризиците од корупција, невладините и Антикорупциска бараат попрецини закони, поголема транспарентност и вклученост на јавноста при носењето на ДУП-овите, но и поголема контрола во делот на урбанизмот.