Македонија
5. October 2022 - 21:17

За бугарските европратеници скандирањето на македонските навивачите е поважно од реформите

Наместо за реформите и енергетската криза, бугарските европратеници  на дебатата во Стразбур се фокусираа на однесувањето на македонската публика на натпреварот Македонија – Бугарија во Скопје , со крајна констатација дека Македонците на  заслужуваат членство во ЕУ.

И вицепремиремиерот Маричик со жалење  се согласи дека односите мегу двете земји последниве години се во надолна линија и дека за нивно подобрување треба взаемен труд.

Сепак она што најмногу ги интересираше европратениците на  состанокот на мешовитиот комитет со колегите од македонија беа актуелните ситуации, како што се миграцијата, радикализамот, борбата против криминалот и тероризмот , а пред се енергетската криза.  Европските пратеници посочија токму сега поддршката на Брисел  од зборови треба да прејде на конкретни дела  и на Македонија да и се помогне во енергетксиот сектор.

Европратениците се согласија дека македонскиот парламент има клучна улога во следниот чекор на интеграцијата, и ја повикаа опозцијата и власта да се обединат за оставрување на таа цел.

Во Стразбур беа пофалени досегашните  реформите , но со забелешка дека за отворање на првиот кластер ке треба и промена на уставот