Вучиќ: Најавата на Харадинај за обединување со Албанија е закана за регионот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека најавата на кандидатот за претседател на Косово, Рамуш Харадинај, за можното обединување на Косово со Албанија претставува закана не само за Србија, туку и за регионот, Европа и целиот свет.
Но, ние на тоа не треба да возвраќаме со закана. Вие правите што сакате, а ние ќе имаме добар и адекватен одговор и граѓаните не треба да се грижат, изјави Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција..
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и кандидат за претседател на Косово, Рамуш Харадинај, во понеделникот изјави дека Европската унија, со своето однесување кон Косово, може да го принуди Косово да се обедини со Албанија.
-Ако Косово не е пред вратата на НАТО и ако Косово нема либерализација на визниот режим со ЕУ, нема признавање од петте земји-членки на ЕУ, ако не е пред вратата на ОН, што ќе правиме понатаму? Дали ќе го прифатиме она што се обидоа да не убедат, дека Косово е уморно, слабо, кажа Харадинај.
Вучиќ коментирајќи ја оваа изјава, кажа дека би сакал да слушне некои реакции од Брисел или Вашингтон.
-Бидејќи, не дај Боже, некој во Србија од толку високо место да зборуваше за некои други видови на обединување на Балканот, тие многу скоро би не бомбардирале. Но, бесмислено е да се зборува повеќе за двојните аршини, рече тој.
Вучиќ потсети дека Харадинај е човек кој сака да биде нов претседател на Косово и дека, доколку тоа го постигне со помош на гласовите на Самоопределување, може да се појави многу неповолна ситуација во која и Владата и претседателот на Косово ќе се залагаат за обединување со Албанија.
-На тоа ние знаеме како да реагираме. Јас на никого не му се заканувам, но создавањето на Голема Албанија е закана за Србија и регионот и за Европа и светот, изјави српскиот претседател.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација