Loading Video...
Свет
15. јуни 2021 - 16:46

Вучиќ: Курти дојде во Брисел само за да ме праша кога Србија ќе го признае Косово

Првата средба помеѓу српскиот претседател Вучик  и косовскиот премиер Курти за нормализација на односите Белград Приштина заврши само со договор да продолжи  дијалогот на највиско ниво  до крајот на јули. Средбата во Брисел Вучик ја оцени како провокација од приштинска страна.

Изјави дека Курти се појавил на состанокот само за да го праша кога Србија ќе ја признае независноста на Косово. Косовскиот премиер пак изјави дека состанокот од негова гледна точка бил конструктивен и според него суштината на конфликтот е недостатокот на меѓусебентото признавање.