Loading Video...
Спорт плус
1. January 2023 - 18:54

Втора победа на Гранеруд на новогодишната турнеја „Четри скокалници“ - најдобар и во Гармиш-Партенкирхен

Новогодишната турнеја во скијачки скокови „четири Новогодишни скокалници“, продолжи во германскиот Гармиш-партенкирхен.
 
Како и пред три дена во Оберсдорф, така и денеска, најдобар беше Халвор Егнер Гранеруд. 
 
Младиот Норвежанец беше единствениот кој во двете серии имаше фантастични скокови. Вр првата долета до границиата од 140 метри, а во втората до 142 што беше повеќе од доволно да ја оствари својата втора победа на турнејата. 
 
Зад него денеска завршија Словенецот, Анже Ланишек и Давид Кубацки од Полска, кој останува лидер во генералниот поредок во Светскио куп.
 
По ова натпреварувачите се селат во австриските центри, Инсбрук и Бишсховен каде ќе се натпреваруваат на 4 и 6 јануари.