Loading Video...
Спорт плус
1. January 2022 - 18:25

Втор триумф на Кобајаши на новогодишната турнејата “Четири скокалници“

Откако победи отварањето на Оберсдорф, јапонскиот ски-скокач Роју Кобајаши и денеска беше најдобар на во Гармиш Партенкирхен. 
 
До својата девета победа сезонава Кобајаши стигна благодарение на одличниот скок од 143 метри во првата. Иако во втората Јапонецот беше за осум метри пократот од Маркус Ајзенбихлер, сепак на крајот Кобајаши собра 0,2 бодови повеќе од Германецот со што можеше да ја прослави својата втора победа на годинашната турнеја. 
 
Инаку, за Кобајаши ова беше 24-ти триумф во кариерата во Светскиот куп, со кој сега го презеде лидерското место во севкупниот генерален поредок од Карл Гајгер, со 696 бодови, или 21 бод повеќе од Германецот кој денеска заврши како пето пласиран. 
 
Сега скискокачите се селат во Австрија, а следниот настап ќе го имаат во Инсбрук на 3 јануари.