Македонија
11. јуни 2021 - 16:41

Втор ден разговори на историчарите од Скопје и Софија

Без напредок по ниту едно прашање минува и оваа средба помеѓу македонските и бугарските историчари. Извори од мешовитата комисија за Сител потврдуваат дека и на вчерашниот прв ден од разговорите, двете страни останале на своите ставови во однос на учебниците за основно образование и заедничките чествувања кои се најавуваат како клучни теми на овој онлајн состанок.

И денеска ќе се бара заедничко решение за средновековието, Цар Самоил и Гоце Делчев кои и натаму остануваат отворени прашања.

Од резултатот од оваа 14-та средба која се одржува 10тина дена пред јунскиот самит на Европскиот совет директно зависи и европската иднина на Македонија, со оглед дека Софија напредокот во однос на историките прашања го поставува како услов за отстранување на ветото за старт на преговорите.  

Денешниот состанок се поклопува и со стартот на предизборната кампања во Бугарија за изборите закажани за точно еден месец. Но ниту техничката влада која функционираше измнатите 30тина дена не ги промени ставовите и не придонесе за олеснување на дијалогот помеѓу двете страни.

Детали дали денеска ќе биде постигнат напредок за спорните прашања се најавуваат во текот на денот.