Loading Video...
Ракомет
13. August 2020 - 16:47

Втор ден на струшкиот ракометен турнир

Втор натпреварувачки ден на традиционалниот струшки ракометен турнир
 
Откако вчера, а по пауза од пет месеци, конечно и ракометот се врати во натпреварувачки ритам, денеска на традиционалниот струшки ракометен турнир се играат нови три натпревари. 
 
Во првиот меч од денешната програма играат Бутел и вториот тим на Еурофарм Пелистер (17:15 часот)
 
Потоа следува дуелот меѓу Металург и Прилеп (од 19:15 часот), екипи кои вчера имаа свој настап на отвореното игралиште на популарната струшка „женска плажа“. 
 
Потсетување дека тимот од Автокоманда загуби во дербито со Еурофарм Пелистер (24-22), а прилепчани го совладаа домаќинот Струга (32-28). 
 
Во вечерниот термин од 21:15 часот, за прв пат ќе го видиме новиот лик на сеуште актуелниот европски првак  Вардар кој за противник ќе го има составот на Охрид, кој во првиот свој меч го победи Бутел (25-24).