Македонија
14. July 2020 - 16:57

Втор ден гласање, гласаат болни, стари и лица на издржување казна затвор

Околу 11 илјади избирачи денеска, ден пред главниот изборен ден, имаат право да го искористат своето избирачко право. Се работи за болни изнемоштени лица кои гласат во своите домови, потоа притвореници и затвореници, лица во старски домови и неколку раселени лица. Ова е втор ден од тродневниот избирачки процес кој е и најдолг од осамостојувањето поради корона пандемијата.

Сите избирачки места во затворите и во старските домови се отворени, а избрачките одобори за гласањето од дома се на терен, информираат од ДИК. Гласањето се одвивало мирно и без проблеми.

Мирен изборен ден, со посебни сложени здравствени протколи и посебни избирачки одбори во кои имаше и здравствени работници беше и вчерашниот кога гласаа позтивните на  Ковид 19, како и оние со решенија за изолација. Правото на глас во овие услови го искористиле 723 избирачи, што е над 90 отсто од пријавените за гласање од дома.

Неофицијално, позтивна оценка дека гласањето се спровело без наруѓувања и без ризик за ширење на заразата веќе дале и странските набљудувачи.

Сепак, за резултатите од вчерашнотот и денешнотот гласање ќе треба да се почека до утрешнотот затворање на гласачките кутии.

Овие гласачки ливчиња се враќаат во кутијата на основниот избирачки одбор без да се отворат. Истата таа кутија се користи и денеска доколку избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на Ковид-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда. Истите тие ливчиња се вадат од пликоата и се спуштаат во гласачката кутија без да се провери за кого е гласано. Тие гласачки ливчиња се мешаат со сите останати гласачки ливчиња на 15 јули кога гласаат сите останати гласачи, така што резултатите од сите ќе бидат прикажани кога ќе заврши гласањето на 15 јули, изјави Адмир Шабани.

Од ДИК ушпте еднаш предупрдуваат дека за валидно гласање треба да се заокружи само редниот број пред подносителот на листата со сино пенкало. Секое друго обележување или чкратење на ливчетото ќе значи дека тоа е неважечко. Утре право на глас ќе имаат над милион и 800 илјади избирачи.