Македонија
24. January 2021 - 17:07

Врнежите од дожд и снег го зголемија нивото на Преспанското Езеро

Последните врнежи од дожд и снег беа поволни за Преспанското Езеро и за брзо време го покачија водостојот, велат од Општина Ресен.

-По информација од секторот за животна средина во Општина Ресен, водостојот на Преспанското Езеро од почетокот на оваа година досега е зголемен за 14 сантиметри, сантиметри, рече Живко Гошаревски, градоначалник на Ресен.

Ова покажало колку влијание имале климатските услови.

-Има подобрување, се надевам на добра хидролошка сезона така што може да се врати уште повеќе нашето езеро. Тоа е аргумент плус дека климатските промени имаат голема улога во состојбата на Преспанското Езеро, изјави Ајман Ал Малла, раководител на сектор за животна средина во Општина Ресен.

На крајот на годината од страна на Владата беше усвоен акцискиот план за спас на Преспанското Езеро кој се состои од долгорочни и краткорочни мерки.

-Долгорочните мерки, бидејќи самиот процес е покомплексен и вклученост бара на соседните држави, планирано е испитувања таму каде истекува водата преку Галичица во Охридското езеро, бидејќи последните испитувања беа пред 20 години. Додека краткорочните мерки е предвидено чистење на плажите, оваа година да имаме добра туристичка сезона, бидејќи моменталната ситуација на крајбрежјето на Преспанското Езеро е лоша слика, рече Гошаревски.

Исто така се надеваат дека наскоро ќе се одржи и првиот состанок на работната група составена од членови од трите земји, Македонија, Албанија и Грција.