Македонија
6. December 2021 - 12:49

Времето утре дождливо и постудено, на планините снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег.

На места врнежите ќе бидат поројни и обилни, особено попладне и во ноќните часови кога поради спуштање на постудена воздушна маса и на повисоките места ќе преминуваат во снег. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен.

Утре ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Во среда и четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање со ниски утрински температури, а потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи.