Бизнис
28. јуни 2016 - 19:38

Вработувањето лица со социјален ризик - приоритет на проектот „Македонија вработува 2“

Вработувањето на лицата со социјален ризик е врвен приоритет. Преку Македонија вработува 1 околу 200 лица од оваа категорија беа вклучени на пазарот на труд, а поволностите ќе важат и во наредната една година.

Владата ги стимулира работодавачоите  да вработуваат социјалци, деца без родители, самохрани родители, членови на повеќедетни семејства, лица со попреченост .Тие ќе бидат ослободени од плаќање на придонесите и персоналниот данок во период од пет години.

Македонија вработува два исто како и претходниот проект се однеусва на пет категории граѓани за кои газдите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси во период од 3 до пет години, а заштедите ќе достигнат до 2000 евра по лице на годишно ниво.

Претходниот проект  обезбди работа за над 19.000 лица во повеќе од 10.000 домашни комапнии. Истиот ефект се очекува да биде постигнат и преку Макеоднија вработува 2 кој ќе почне да се применува од почетокот на јули.